Голдман Сакс е оптимист за следната година

65

Годината сè уште не е ни започната, а Goldman Sachs дополнително ја зголеми својата прогноза за акциите во 2024 година.
Дејвид Костин, нивниот главен стратег за американските акции, предвидува дека индексот S&P 500 следната година ќе порасне за 8% на 5.100 поени, врз основа на неодамнешната промена во политиката на ФЕД кон помека монетарна политика и најавениот пад на каматните стапки.

S&P 500 веќе порасна за 5% во изминатиот месец, исполнувајќи ја првичната прогноза на Костин за 2024 година од 4.700 поени, која ја даде во ноември. Стратегот истакна дека „го зголемува своето целно ниво за S&P 500 за следните 12 месеци на 5.100 додека инфлацијата се намалува, Федералните резерви стануваат помалку рестриктивни и реалните приноси на обврзниците паѓаат“. Костин, исто така, рече дека новата цел за крајот на 2024 година одразува P/E од повеќе од 19, во споредба со претходната цел од 4.700 поени, што предвидуваше повеќекратно од 18.

Голдман очекува раст на заработката од 5% во 2024 година, што е над просекот на Волстрит. Нивните аналитичари сметаат дека заработката би можела уште повеќе да порасне поради олеснување на финансиските услови и посилниот економски раст. Поради сето горенаведено, Голдман Сакс препорачува инвеститорите да купуваат акции од цикличните сектори кои биле под притисок, со послаби биланси и помали капитализации со цел да го искористат нивното закрепнување во новите помеки финансиски услови кои се очекуваат во следната година.