Волстрит поврати најголем дел од загубите од претходниот ден

На Волстрит вчера берзанските индекси силно пораснаа, враќајќи го најголемиот дел од загубите од претходниот ден, бидејќи економските податоци ги подгреаа надежите дека американската централна банка наскоро ќе почне да ги намалува каматните стапки.

Dow Jones зајакна 0,87 отсто, на 37.404 поени, додека S&P 500 порасна за 1,03 отсто, на 4.746 поени, а индексот Nasdaq порасна за 1,26 отсто, на 14.963 поени.

Откако завчера забележаа најголем дневен пад од септември, вчера индексите закрепнаа најголем дел од тие загуби.

Инвеститорите охрабрија
Инвеститорите беа охрабрени од третата проценка на бруто домашниот производ (БДП), која покажа дека американската економија порасна нешто побавно од очекуваното во третиот квартал.

Забавувањето на растот значи дека и инфлацијата може да ослабне, па се интензивираа шпекулациите дека ФЕД би можел да започне со намалување на каматните стапки веќе во март следната година.

„Послаб економски раст од очекуваниот значи дека ФЕД не треба да отстапува од насоката што неодамна ја објави“, рече Питер Туз, претседател на инвестицискиот совет на Чејс.