![4-696x464](https://biznisinfo.mk/wp-content/uploads/2023/12/4-696x464-1.jpg)
На Волстрит вчера, на првиот трговски ден од новата година, паднаа S&P 500 и Nasdaq индексот, под притисок на падот на цените на акциите на неколку технолошки гиганти, додека Dow Jones благо порасна.
Dow Jones зајакна 0,07 отсто, на 37.715 поени, додека S&P 500 се лизна 0,57 отсто, на 4.742 поени, а индексот Nasdaq 1,63 отсто, на 14.765 поени.
Акциите на Apple меѓу најголемите губитници
Меѓу најголемите губитници вчера беше акцијата на Apple, чија цена падна за речиси 4 отсто, откако аналитичарите на Barclays ја намалија препораката за таа акција поради послабата продажба на iPhone.
Значително паднаа и цените на акциите на неколку други технолошки гиганти, како Nvidia, Advanced Micro Devices, Alphabet и Microsoft. Минатата година, токму зголемувањето на цените во технолошкиот сектор беше најзаслужно за скокот на индексот S&P 500 за 24 отсто, а Nasdaq за 43 отсто.
Тоа е благодарение на постепеното ублажување на инфлацијата и забавувањето на економскиот раст. Ова е причината зошто американската централна банка најверојатно го заврши циклусот на зголемување на каматните стапки, па оваа година ќе следи намалување на каматите.
Инвеститорите убедени дека американската економија ќе избегне рецесија
Пазарот е поддржан и од уверувањето на инвеститорите дека и покрај агресивното зголемување на каматните стапки во последните години, економијата ќе избегне рецесија. Благодарение на ова, на крајот на минатата година Dow Jones достигна рекордно ниво, додека S&P 500 се приближи до тоа ниво за помалку од 1 процент.
Внимателно вчера се тргуваше и на европските берзи
Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,15 отсто, на 7.721 поен, а париски CAC за 0,16 отсто, на 4.530 поени. Франкфуртски DAX зајакна, пак, за 0,11 отсто, на 16.769 поени.