
Европските и американските берзански индекси денеска се нерамномерни, а во исто време е забележан и скок на цените на златото и на пченицата.
Индексот DAX на берзата во Франкфурт денеска во 9 часот порасна на 16.705,12 поени, исто како и московскиот MOEX на 3.167,78 поени, додека лондонски FTSE 100 падна на 7.669,70 поени, а францускиот CAC 40 на 7.426 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна на 37.525,16 поени пред денешното отворање на пазарот, како и вредноста на индексот S&P 500, на 4.756,50 поени, додека вредноста на Nasdaq индексот се искачи на 14.857,71 поени.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта падна на 72.205 долари, додека цената на нафтата од типот „брент“ порасна на 77.788 долари.
Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 31.250 евра за мегават-час.
Цената на златото порасна на 2.030,91 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама), а цената на пченицата се искачи на 6,0670 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,09296, што е приближно исто како и вчера.











