S&P 500 на ново рекордно ниво, најмногу порасна технолошкиот сектор

На Волстрит индексот S&P 500 достигна рекордно високо ниво во понеделникот, втор трговски ден по ред, најмногу благодарение на растот на цените на акциите на технолошките компании.

Dow Jones зајакна 0,36 отсто, на 38.001 поен, додека S&P 500 порасна за 0,22 отсто, на 4.850 поени, а индексот Nasdaq 0,32 отсто, на 15.360 поени.

Растот на индексот трет ден по ред е главно благодарение на растот на технолошкиот сектор, по оптимистичките прогнози за побарувачката на чипови.

S&P 500 дополнително го зајакна своето рекордно ниво
Во петокот S&P 500 го надмина претходното рекордно ниво постигнато пред две години, а во понеделник дополнително зајакна.

Индексот на секторот производители на чипови вчера достигна ново рекордно ниво, а рекорд достигна и цената на акцијата на производителот на чипови Nvidia.

Сезоната на објавување квартални деловни извештаи досега не беше многу импресивна, со оглед на нерамномерните резултати на најголемите банки.

Но, инвеститорите се надеваат на подобри вести во наредните денови, кога ќе бидат објавени извештаите од Netflix, Tesla, Abbott Laboratories, Intel и Johnson & Johnson, меѓу другите.