Хрватска лани издаде повеќе од 170.000 работни дозволи на странци

Минатата година Хрватска издаде повеќе од 170.000 работни дозволи на странци, а на крајот на декември имаше 90.000 пријавени странски работници.Ова го изјави хрватскиот министер за труд Марин Пилетиќ.

Пилетиќ појасни дека дел од 170.000 странски работници работеле во туристичката сезона, а кога завршила сезоната им престанала и работата.

„Бројот на работни дозволи не е еднаков на бројот на осигуреници. Некои со дозволи не работат, а некои повеќе не работат по истекот на договорот“, рече Пилетиќ.