
На валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо порасна втор ден по ред.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,48 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 103,30 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 148,35 на 148,10 јени.
Сепак, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0860 долари, додека вчера во ова време беше 1,0905 долари.
Цените на нафтата, пак, благо пораснаа, по вчерашниот пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,10 отсто, на 79,65 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,15 отсто, на 74,50 долари.











