
На европските берзи во средата претпладне индексите пораснаа, надополнувајќи ги загубите од претходниот ден, што најмногу се должи на растот на цените на акциите на неколку технолошки компании.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во 9 часот и 30 минути порасна за 0,8 отсто, надополнувајќи ги вчерашните загуби.
Утринава лондонскиот FTSE индекс зајакна 0,47 отсто, на 7.520 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,97 отсто, на 16.790 поени, а париски CAC за 0,40 отсто, на 7.415 поени.
Најмногу утрово поскапеа цените на акциите во технолошкиот сектор, во просек за 3,4 отсто.
Благодарение на подобрите од очекуваните квартални деловни резултати, цената на акцијата на германскиот SAP скокна за повеќе од 7,5 отсто, а на холандскиот ASML Holding речиси 6 отсто.
Цените на акциите пораснаа и на повеќето азиски берзи. Индексот на азиско-пацифичките акции на MSCI, без Јапонија, порасна за 0,5 отсто околу 9:30 часот, зголемувајќи се втор ден по ред.











