Деловните резултати на компаниите ги поттикнаа европските берзи

Во поголемиот дел од европските берзи индексите пораснаа во петокот наутро, што најмногу се должи на подобрите од очекуваните квартални деловни резултати на повеќе компании.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во 9:30 часот порасна за 0,4 отсто.

Истовремено, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,74 отсто, на 7.585 поени, а париски CAC зајакна за 1,25 отсто, на 7.557 поени. Франкфуртскиот DAX се лизна, пак, за 0,32 отсто, на 16.855 поени.

Утринава најмногу порасна францускиот CAC индекс, по подобрите од очекуваните деловни резултати на Remy Cointreau и LVMH.

Цената на акциите на производителите на алкохолни пијалоци скокна за повеќе од 13 отсто, а на модните куќи за повеќе од 8 отсто.