
На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката на валути благо падна.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 104,14 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 104,38 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 148,60 на 147,85 јени.
Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0760 долари, додека вчера во ова време беше 1,0750 долари.
Цените на нафтата, пак, благо пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,05 отсто, на 78,65 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,12 отсто, на 73,40 долари.











