
Тесла го продолжи производството во својата фабрика Гринхајд надвор од Берлин, откако производството беше запрено поради недостиг на делови по нападот на бродовите во Црвеното Море од бунтовниците Хути поддржани од Иран, соопшти компанијата.
Американскиот производител на електрични автомобили го суспендираше производството на возила на речиси две недели, пишува Seebiz.
Ова ги принуди товарните бродови да ги пренасочуваат и да ги користат поморските патишта околу јужниот дел на Африка, предизвикувајќи одложувања.
Тесла рече дека ова резултирало со недостиг на компоненти, така што автомобилите не можеле да се комплетираат. Компанијата започна со производство на локацијата пред речиси две години.
Во првата фаза од своето проширување, Tesla имаше цел да произведува 10.000 автомобили неделно во Гринхајд. Неодамна беа произведени повеќе од 6.000 автомобили неделно.
Од компанијата велат дека во фабриката работат 12.500 луѓе.











