Најголемата винарска визба во светот: Се протега на 200 километри

За да ја разгледате оваа винарска визба, ќе ви треба барем велосипед или некое друго превозно средство.

Всушност, најдобро е да земете автомобил, бидејќи тоа е најголемиот подземен магацин за вино, во кој се сместени речиси 2 милиони шишиња.

Најголемата винарска визба во светот се наоѓа во Молдавија. Milestii Mici е името на комплексот кој е изграден во 1969 година за складирање и зачувување на најквалитетните вина. Визбата секогаш има постојана температура од 12 до 14 степени, каде се чуваат црвени, бели и десертни вина.

Подрумот се протега на 200 километри, искористена е само четвртина, околу 55 километри. Целиот подрум е организиран како град, со улици и плоштади. Има и дел кој е претворен во музеј. Во комплексот визба се наоѓа огромна колекција на вино од над 1,5 милиони шишиња, што е најголемата колекција на вино во светот според Гинисовата книга на рекорди.

Влезот и дегустацијата чини 25 долари, а доколку сакате тура со водич и ексклузивна вечера, ќе ве чини околу 200 долари. Вклучува и возење на електрично возило, автомобил или велосипед, бидејќи е невозможно да се оди околу него пеш.