
На европските берзи во средата во првиот дел од денот се тргува внимателно, а индексите стагнираат, по вчерашниот извештај за инфлацијата во САД.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции по вчерашниот пад впорасна за 0,1 отсто. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,49 отсто, на 7.549 поени, додека франкфуртски DAX зајакна за 0,01 отсто, на 16.878 поени, а париски CAC за 0,06 отсто, на 7.629 поени.
Растот на британскиот FTSE индекс е благодарение на извештајот за ублажување на инфлациските притисоци во Британија во јануари.











