
Европските и американските берзански индекси денеска се претежно во пораст, цената на нафтата е во благ пад, додека цената на златото и натаму е под 2.000 долари за унца.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 17.040,75 поени, лондонски FTSE 100 на 7.609,75 поени, францускиот CAC 40 на 7.729,53 поени, додека московскиот MOEX падна на 3.245,2 поени.
Цената на златото порасна на 1.995,05 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама), а цената на пченицата падна на 5,8297 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,07336, што е приближно исто како и вчера.











