ЕУ планира да го удвои производството на електрична енергија до 2050 година

Европската унија (ЕУ) проценува дека ќе мора повеќе од двојно да го удвои производството на електрична енергија до средината на векот и да ги поттикне обновливите извори за да ја постигне амбициозната цел за климатска неутралност, пренесува Билтенот на Агенцијата за енергетика на Србија.

За да се постигнат целите за намалување на емисиите на стакленички гасови препорачани од научниците за следната деценија, производството на електрична енергија ќе треба да се зголеми на 5,2 илјади терават-часови (TWh) до 2040 година, од 2,9 илјади TWh во 2021 година, анализата направена од Европската Комисијата , пренесува Мина.

Производството ќе мора дополнително да се прошири на 6,92 илјади TWh до 2050 година, бидејќи потрошувачите сè повеќе се потпираат на електрични возила додека комуналните претпријатија користат повеќе обновливи извори на енергија.

До 2040 година, комисијата препорачува намалување на загадувањето за 90 отсто во однос на нивото од 1990 година. Елементите на планираната цел вклучуваат понатамошен развој на обновливи извори, заштеда на енергија и забрзана употреба на зелените технологии.

Потребата од иницијативи за зелена енергија, како што се обновливите горива и директното зафаќање на јаглеродот од воздухот, исто така се предвидува да ја зголеми побарувачката за електрична енергија.