Градежното производство во ЕУ во декември се зголемило за 1,4 отсто

28

Во декември производството во градежништвото се зголемило за 0,8 отсто во еврозоната и за 1,4 отсто во Европската унија, покажува првата проценка на Евростат објавена денеска.

На годишна основа, производството во градежништвото во декември е зголемено за 1,9 отсто во еврозоната и за 2,4 отсто во Европската унија, објавено е на веб-страницата на Евростат.

Во декември најголем месечен раст на производството во градежништвото е забележан во Романија од 10,3 отсто, Полска за 8,5 отсто и Унгарија за пет отсто, а најголем месечен пад во Словачка за 10 отсто, Германија за 3,4 отсто и Австрија од 1,9 отсто.

Фото: Freepik