
Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2023 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 782 159 МWh електрична енергија, 29.352 мил. нм3 природен гас, 463 780 тони јаглен и 99 968 тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 72.0 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.7 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.











