Вредноста на биткоинот надмина 60.000 долари

Цената на биткоинот во денешното тргување порасна за 5,18 отсто, на 60.293 долари, што е највисока од 20 ноември 2021 година, покажуваат податоците на „Коиндеск“.

Цената на биткоинот се зголеми за повеќе од 8.000 долари од понеделникот, 26 февруари, пренесе ТАСС.

Биткоинот беше највреден во 2021 година кога неговата цена беше 68.789 долари.

Цената на биткоинот се искачи над 60.000 долари за прв пат од 18 ноември 2021 година. Овој ден завршува пауза од 832 дена. Водечката светска криптовалута порасна за речиси 16 отсто во последните три дена.