Белата куќа: Ги испитуваме кинеските автомобили пред да се рашират низ Америка

Американската влада отвора истрага за потенцијалните ризици за националната безбедност што ги носи технологијата за паметни автомобили произведени во Кина.

Истрагата на американското Министерство за трговија ќе се фокусира на „поврзани возила“ – широк термин што може да се примени за секој автомобил со пристап до Интернет – поради загриженоста дека технологијата како што се камерите во возилото, сензорите и компјутерите може да се користат за собирање чувствителни податоци за Американците и инфраструктурата, пренесува Б92.

За време на прес-конференцијата во средата, секретарката за трговија Џина Рејмондо рече дека истрагата била започната „пред возилата од кинеско производство да станат широко распространети“ низ САД.

„Замислете да има илјадници кинески возила на американските патишта што некој во Пекинг би можел да ги оневозможи во секое време“, рече Рејмондо, подоцна додавајќи дека „не е потребна голема имагинација за да се разбере како противникот како Кина има пристап до видот на информации кои во голем обем можат да претставуваат сериозен ризик за националната безбедност и приватноста на граѓаните на САД“.