Патниците го избраа најлошиот аеродром на светот, доби катастрофална оцена!

Аеродромот Шарлроа, добро позната дестинација за нискобуџетните авиокомпании поради близината до Брисел, е најлошиот аеродром во светот според патниците, објави порталот Business Financing.

Иако овој аеродром, официјално наречен Bruxelles South Charleroi, е оддалечен 50 километри или 45 минути возење со автобус од европската престолнина, тој има лоша репутација меѓу деловните патници поради неговата неорганизираност и хронична пренатрупаност, особено на терминалот 1 (Т1).

Со катастрофална просечна оценка од 1,2 на скалата од 10, Шарлроа беше оценет како малку полош аеродром од германскиот аеродром Берлин-Бранденбург и британскиот Лидс-Бредфорд, според анализата спроведена од Business Financing врз основа на прегледите на патниците на платформата за квалитет на авиокомпанијата Skytrax.

Фото: Facebook