Прекинот на производството во германската фабрика скапо ќе ја чини Тесла

Американскиот производител на електрични автомобили Тесла во средата објави дека поради прекинот на производството во фабриката во близина на Берлин по прекинот на снабдувањето со електрична енергија трпи штети кои се мерат во стотици милиони евра.

„За нас тоа значи економска штета во високи девет цифри“, рече менаџерот на фабриката во Груенхајде, Андре Тиериг.

Производството е запрено бидејќи нема струја, а со тоа и продажбата е запрена, што резултира со трошоци, изјави Тиериг за dpa.

Фабриката произведува повеќе од илјада Model Y дневно, а менаџерот претпоставува дека производството ќе биде прекинато барем до крајот на неделата.

Овие електрични автомобили се продаваат по цена од 45.000 до речиси 60.000 евра, потсетува новинската агенција dpa.