Индија потпиша трговски договори со четири европски земји

Индиската влада потпиша трговски договори со Исланд, Норвешка, Лихтенштајн и Швајцарија кои најавуваат повеќе од 100 милијарди долари инвестиции и потенцијално отворање на милион нови работни места во Индија во следните 15 години, соопштија официјални лица.

На потпишувањето на договорот во Њу Делхи присуствуваа индискиот министер за трговија и индустрија, Шри Пијуш Гојал и министрите за надворешни работи на Исланд и Лихтенштајн, Бјарни Бенедиктсон и Доминик Хаслер, како и министрите за трговија на Швајцарија и Норвешка, Гај Пармелин  и Јан Кристијан Вестре, пишува Данас.

Договорот вклучува трговија со стоки и услуги, промоција и соработка на инвестиции, интелектуална сопственост, државни набавки, трговија и одржлив развој и решавање спорови кои ќе им овозможат на индиските извозници пристап до европските и светските пазари.

Според одредбите на договорот, Индија, од своја страна, се обврза значително да ги намали увозните давачки на индустриските производи од четирите европски земји кои ја сочинуваат Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА).

Во владиното соопштение се вели дека овој договор меѓу Индија и ЕФТА носи значителни економски придобивки, како што се подобри интегрирани и поотпорни синџири на снабдување, нови можности за бизнисите и поединците, што ќе доведе до зголемен трговски и инвестициски текови, отворање работни места и економски раст.