Сарачини во работна посета на Хрватска

39

Министерот за економија Ваљон Сарачини денес и утре ќе престојува во работна посета на Хрватска.

Планирано е во текот на првиот ден од посетата во Загреб, Сарачини да се сретне со хрватскиот министер за економија Иван Врдољак, министерот за претприемништво и трговија Гордан Марас и министерот за туризам Дарко Лоренчин.

За време на вториот ден од работната посета, министерот ќе отпатува во Славонски Броди и Осијек каде ќе ја посети компанијата Ѓуро Ѓаковиќ и ќе оствари средба со градоначалникот на Осијек Иван Вркиќ.

Исто така планирано е и да се остварат средби со инвеститори со цел да се запознаат со можностите за инвестирање и најактуелните инвестициски проекти во Република Македонија.