
Европската унија ги укина санкциите против поранешниот шеф на руската технолошка компанија „Јандекс“, Аркадиј Волож, се наведува во документот објавен на веб-страницата на ЕУ.
Волож беше додаден на списокот на санкционирани лица во летото 2022 година како дел од санкциите против Руската Федерација, пренесува Комерсант.
Тој побара од европските судови да ја поништат оваа одлука, а во декември 2022 година поднесе оставка од функцијата генерален директор на Yandex.











