
Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, најави дека ќе ја прошири фабриката за автомобили во Гринхајде во близина на Берлин, и покрај нападот на електричната мрежа минатата недела.
Нападот ја остави фабриката и илјадници домаќинства без струја.
На прашањето на новинарите во средата за време на посетата на фабриката дали сè уште постои план за проширување на фабриката, Маск одговори „да, апсолутно“. Тој додаде дека Гринхајдe е „одлично место“.
Маск дојде на кратка посета по нападот на далноводот. Тесла сака да го зголеми производството од планираните 500.000 автомобили годишно на еден милион.
Според податоците на компанијата, во фабриката во близина на Берлин работат околу 12.500 вработени. Еколошките активисти и населението се загрижени за фабриката, која делумно се наоѓа во заштитно подрачје на водата.











