
Во саботата наутро цените на нафтата на американскиот пазар се движеа надолу, па нафтата WTI, репер за американскиот пазар, беше 81,04 долари, а нафтата од типот брент 85,34 долари за барел, објави Oil Price.
Цените на нафтата паднаа под 85 долари на меѓународните пазари во петокот, бидејќи шпекулациите дека американската централна банка, Федералните резерви (ФЕД), може да ги намали каматните стапки само на почетокот на летото, го надминаа падот на залихите.
На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше пониска за 55 центи во однос на затворањето на тргувањето во четвртокот и изнесуваше 84,83 долари. Во четвртокот го заврши тргувањето со добивка од 1,39 долари, пренесува Мина.
На американскиот пазар барелот се тргуваше по повисока цена за 56 центи, од 80,7 долари. Заврши тргувањето со 1,54 долари во четвртокот.
Пазарите беа охрабрени во четвртокот од прогнозите на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), кои сигнализираат подобрување на понудата оваа година.
Во февруари ИЕА прогнозираше дека побарувачката ќе се зголеми за 1,22 милиони барели дневно оваа година, додека ОПЕК во својот февруарски извештај процени раст од 2,25 милиони барели дневно. Разликата во прогнозата одговара на износ од еден процент од дневната светска побарувачка.
Фото:Freepik











