
Британски Тајмс објави листа на европски градови кои ги сметаат за најдобри дестинации за пролетно патување.
На листата се најдоа два хрватски града – Ровињ (го ставија на шестото место) и Загреб (9-то место).
„Полираната калдрма на овој град ќе ве потсети на Дубровник, но со многу помалку гужви. Најдоброто нешто што можете да го направите на пролет во Ровињ е прошетка покрај брегот“, пишува Тајмс, додавајќи дека Ровињ има прекрасни историски куќи и ресторани кои служат морска храна, свежи тестенини и тартуфи.
Додека главниот град на Хрватска е опишан како „еден од најзапоставените престолнини на Европа“.
„Загреб е исклучително достапен, со хотели со пет ѕвездички под 120 фунти за ноќ и автентични јадења“, се наведува во написот.
Покрај Ровињ и Загреб, Тајмс ги вклучи и овие градови:
Голвеј (Ирска)
Келн (Германија)
Љубљана (Словенија)
Атина (Грција)
Будимпешта (Унгарија)
Гент (Белгија)
Мадрид, (Шпанија)
Солун (Грција)
Краков (Полска)
Лион (Франција)
Стокхолм, (Шведска)
Валета (Малта)
Лече (Италија)
Цирих (Швајцарија)
Амстердам (Холандија)
Палма де Мајорка (Шпанија)
Палермо (Италија)
Ница (Франција)
Истанбул (Турција)
Марсеј (Франција)
Пафос (Кипар).











