
Tesla објави дека почнувајќи од 22 март, ќе ја зголеми цената на својот електричен SUV Model Y во многу европски земји за приближно 2.000 евра или еквивалент во локални валути.
Одлуката на компанијата, која беше објавена на социјалните мрежи, уследи по изјавата што компанијата ја објави во петокот дека ќе ги зголеми цените за сите верзии на Model Y во САД за 1.000 долари почнувајќи од 1 април, пренесува Ројтерс.
Ова е суштински момент во производството: на фабриките им е потребно континуирано производство за ефикасност, но побарувачката на потрошувачите е сезонска“, изјави извршниот директор на Tesla, Илон Маск, во февруари оваа година.











