Маск ги зголеми платите за инженерите во Tesla: Сем Алтман и OpenAI му ги крадат

39

Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, рече дека неговата компанија ги зголемува пакетите за компензација за оние кои работат во инженерскиот тим за вештачка интелигенција. Зголемувањето на платите, рече Маск, е реакција на обидите на OpenAI да ги преземе инженерите на Tesla.

„Тие агресивно регрутираа инженери на Tesla со огромни понуди за компензација и за жал беа успешни во неколку случаи“, рече Маск за напорите на OpenAI да регрутира инженери на Tesla, во својот пост X.

Конкуренцијата за таленти за вештачка интелигенција, пренесуваат светските медиуми, се вжештува додека технолошките компании се тркаат да станат доминантни играчи на теренот. Покрај тоа што нудат огромни плати, некои лидери на Big Tech исто така имаат персонализиран пристап кога станува збор за инженерите.

Марк Цукерберг, сопственикот на Мета, наводно им пишувал лични мејлови на истражувачите за вештачка интелигенција во DeepMind на Google. Мета на Цукерберг дури им понуди работа на кандидатите без да спроведе интервју.

Ко-основачот на Google, Сергеј Брин, според Business Insider, морал лично да повика вработен кој размислувал да го напушти Google за OpenAI. Брин даде неколку ветувања да го убеди вработениот да остане, вклучително и понуда за повисока плата.

„Војната за таленти за вештачка интелигенција е најлудата војна за вработените што некогаш сум ја видел“, рече Маск.