Mожност за отпремнини за вработените во ОХИС

80

ohis1Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески вчера изјави дека предлогот за исплата на отпремнини на вработените на ОХИС, кој што доаѓа од синдиактот на вработените, ќе биде разгледан на владина седница.

Според него постои надеж дека ќе се најде најдоброто решение за вработените во хемиската компанија.

“Има предлог за отпремнини за вработените на ОХИС којшто доаѓа од синдикатот на вработените на ОХИС и ќе биде разгледан на владина седница. Верувам дека ќе се најде најдоброто решение за вработените. Ние во сите овие години водевме грижа за вработените, при обидите да се продаде компанијата, а така и ќе остане понатаму“, изјави Ставрески.

Владата, која е доминантен сопственик на ОХИС, досега имаше распишано дури 11 тендери за негова продажба. Главна причина за неуспешноста на тендерите, како што соопштуваа одговорните, во најголемиот број случаи беше превработеноста во компанијата.