
Францускиот гувернер и член на Управниот совет на Европската централна банка (EЦБ) Франсоа Вилерој де Галхау тврди дека ЕЦБ е поуверена дека ја добива борбата против инфлацијата, поради што намалувањето на каматната стапка во јуни е многу веројатно, рече тој.
ЕЦБ ги задржа стапките на рекордно високо ниво минатата недела, но сигнализираше дека може да почне да ги намалува уште во јуни, иако упорно високата инфлација во САД може да ја спречи американската централна банка да го следи примерот.
„Со исклучување на какви било изненадувања, треба да одлучиме за првото намалување на стапката за време на нашиот состанок во јуни“. Навистина, стануваме сè посигурни за дезинфлацискиот пат“, изјави Вилерој за францускиот магазин JDD.
„Алатката за камати беше ефективно оружје против инфлацијата. Моравме да ја подигнеме таа стапка на четири отсто, но таа е помала отколку во САД, каде што е 5,5 отсто“, додаде францускиот гувернер.
Вилерој, кој исто така е член на Управниот совет на ЕЦБ, е меѓу се поголемиот број креатори на политики на ЕЦБ кои го поддржаа намалувањето на каматните стапки.
Тој минатиот месец рече дека ако инфлацијата ја надмине целта на ЕЦБ од два проценти на подолг период, пренесува Ројтерс, тогаш ЕЦБ ризикува да мора уште поагресивно да ги намали стапките.











