Словенечкиот државен фонд СОД вчера потпиша договор со Citigroup Global Markets Ltd. за советување при продажбата на 73% од Телеком Словенија.
СОД испрати барање за доставување на понуди за потенцијален советник на 15 меѓународни финансиски институции. Крајниот рок за доставување на понудите истече на 19 септември 2013 година, а до тогаш СОД доби 12 понуди. Citigroup е избран меѓу кандидати како Deutsche bank, JPMorgan, Goldman Sachs и Lazard.
Citigroup веќе беше ангажиран на слични проекти, како советник во продажбата на Телеком Србија и романскиот Ромтелеком.
Телеком Словенија е најголемата меѓу 15-те компании што словенечката влада планира да ги продаде во првата фаза од приватизацијата. Сопственици на Телеком Словенија се СОД, словенечката влада, пензискиот фонд Капиталска дружба и осигурителите Заваровалница Триглав и Сава Ре Група.
Државата смета дека од продажбата на уделот во Телеком Словенија може да добие околу 750 милиони евра, а провизијата за Citigroup би можела да изнесува 1% или нешто повеќе од куповната цена.