Уште една земја сака да се приклучи на БРИКС

Шри Ланка планира да се приклучи на БРИКС во блиска иднина, објави  амбасадорката на земјата во Москва Јанита Лијанаге.

„Дискусиите се одржаа и навистина постои желба да се влезе во БРИКС + во блиска иднина, што ќе овозможи да се обезбеди безбедност на транспортот и храната и многу повеќе“, рече Лијанге на новинарите.

Според амбасадорот, на Меѓународната безбедносна конференција што се одржува во Санкт Петербург, две делегации од Шри Ланка, предводени од првиот заменик министер за одбрана и претседателот на Надзорниот комитет за меѓународна безбедност во Парламентот, разговараат за ова прашање, пренесува Новости.

БРИКС првично ги вклучуваше Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, но од оваа година бројот на членовите на асоцијацијата се удвои и ОАЕ, Саудиска Арабија, Иран, Египет и Етиопија станаа полноправни членови.

БРИКС сега обединува десет земји со население од 3,6 милијарди луѓе, а според РИА, овие земји произведуваат повеќе од 40 отсто од светската нафта и околу една четвртина од светскиот извоз на стоки.