Според истражувањето на германскиот портал за недвижности ImmoScout24, секој втор човек во Германија бара стан повеќе од една година
Во Германија голем број граѓани се најдоа во неволја поради високите кирии и недостигот на станови на пазарот.
Речиси 55 отсто од луѓето бараат имот во кој би живееле подолго од една година, покажува истражувањето на ImmoScout24.
Од 1.183 луѓе кои учествувале во него, 22,7 отсто поминале повеќе од две години во потрага по нов дом.
Околу 64 отсто од нив се убедени дека ќе го најдат тоа што го бараат оваа година. И 16 отсто од оние кои би сакале да се преселат оваа година се песимисти за исходот од нивната потрага. Пазарот е многу напнат, вели извршниот директор на ImmoScout24, Геса Крокфорд. Кириите растат со години, што значи дека селењето е поврзано со дополнителни трошоци.
Мелани Вебер-Мориц, директорка на германското здружение на станари, смета дека подостапни станови може да се постигнат само со соодветна поддршка од државата, пренесува Тпортал.