
На девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо падна.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 105,25 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 105,35 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 155,90 на 156,30 јени.
Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0785 долари, додека вчера во овој момент таа изнесуваше 1,0770 долари.
Цените на нафтата, благо пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,11 отсто, на 83,45 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,12 отсто, на 79,20 долари.











