Рекорден профит на авиокомпанијата Emirates

Авиопревозникот Емирати во понеделникот објави рекорден годишен профит од 17,2 милијарди дирхами или 4,7 милијарди американски долари за финансиската 2023-2024 година, што е за 63 отсто повеќе од претходната година.

Главниот авиопревозник на комерцијалната престолнина на Обединетите Арапски Емирати ужива стабилно закрепнување во туристичкиот сектор, проширувајќи ја својата мрежа на рути за да одговори на растечката побарувачка, пишува SEEbiz. Новите бројки од најголемата светска авиокомпанија за долги релации беа најдобри во нејзината историја и беа „потхранети од незаситниот апетит за патување низ различни сегменти на клиенти“, се вели во соопштението на Emirates Group.

„Емирати“ превезе 51,9 милиони патници во финансиската година 2023-2024 година, што е зголемување од 19 отсто во споредба со претходната година, со пријавен пораст од 21 отсто во капацитетот на седиштата.

Приходите се зголемени за 13 отсто на 121,2 милијарди дирхами, а капацитетот за 20 отсто.