
На валутните пазари, пак, падна вредноста на доларот во однос на кошничката на валути.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 105,05 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 105,25 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 156,30 на 156,35 јени.
Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0820 долари, додека вчера во овој момент таа изнесуваше 1,0785 долари.
Цените на нафтата, пак, надоместија дел од вчерашните загуби. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,66 отсто, на 82,90 долари, додека на американскиот пазар барелот порасна за 0,73 отсто, на 78,60 долари.











