
Европските берзански индекси денеска се во пад, американскиот индекс Дау Џонс падна од рекордни 40.000 поени, додека нафтата од типот „брент“ се продава за околу 83 долари за барел.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот падна на 18.740,94 поени, лондонски FTSE 100 на 8.389,50 поени, францускиот CAC 40 на 8.166,13 поени, а московскиот MOEX на 3.446,83 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна на 39.806,77 поени пред денешното отворање на берзата, индексот S&P 500 се искачи на 5.308,13 поени, а вредноста на Nasdaq индексот на 16.794,87 поени.











