Nvidia е на пат да стане највредната компанија во светот, веќе e пред Alphabet

Вчера беа објавени деловните резултати на Nvidia за изминатиот квартал, а веста е повеќе од поволна за сите инвестициски фондови, акционери и воопшто за индустријата за вештачка интелигенција. Веќе почна малку да се сомнева дека може да се запре растот на индустријата, бидејќи очекувањата по толку инвестиции се огромни, а всушност такви профити нема. Се стравува дека индустријата го достигнала плафонот, дека ќе стагнира и дека нема стимулации да ја туркаат нагоре. Сепак, тука е Nvidia со своите оптимистички резултати и секој може да здивне.
Приходите за трите месеци до крајот на април беа 26 милијарди долари, надминувајќи ги проценките на аналитичарите од 24,7 милијарди долари. Тоа е гигантски пораст на годишна основа кога се споредуваат претходните квартали. Профитот и приходите на Nvidia скокнаа за 628 проценти и 268 проценти, соодветно, во споредба со споредливите периоди во 2023 година.

Резултатите сугерираат дека на Nvidia не и пречи конкуренцијата или ограничувањата за продажба во Кина. Нивните чипови со вештачка интелигенција од следната генерација, Blackwell, треба да пристигнат на крајот на годината, што би можело да и даде на компанијата уште поголема продажба следната година.

Пред Alphabet,  a зад Apple и Microsoft

Nvidia стана една од највредните компании во последните неколку години. Според податоците достапни денес, нејзината пазарна капитализација изнесува импресивни 2,3 трилиони долари, што во моментов ја прави трета највредна компанија во светот. Ја престигна матичната компанија на Google Alphabet. Пред нea се само Apple и Microsoft. Ако продолжи вака, нема пречка да седне на самиот врв.