Tiktok ќе отпушти голем број работници

Компанијата Тикток планира да отпушти голем број работници ширум светот, а отпуштањата особено ќе се одразат на тимовите кои се занимаваат со корисничка поддршка и комуникација, како и со содржина и маркетинг, пренесува CNN  повикувајќи се на анонимни извори во самата компанија.

Тековниот глобален тим за операции на корисници на Tiktok ќе биде распуштен, а преостанатите вработени ќе бидат распоредени низ тимовите за доверба и безбедност, маркетинг, содржина и производи, велат изворите.

Не е јасно точно колку луѓе ќе останат без работа, бидејќи изворите забележуваат само дека тоа е „голем процент“ од околу 1.000 вработени кои работат во споменатите тимови.