Нема договор за оданочување на глобалните корпорации

Договорот за глобалниот минимален данок (GMT) што мултинационалните компании треба да го плаќаат нема да биде постигнат до јуни како што беше претходно планирано, изјави италијанскиот министер за економијаЏанкарло Џорџети пред финансискиот самит на Групата седум (Г7) во Стреса, Италија.

Џордети изјавил дека Соединетите Американски Држави, Индија и Кина се резервирани во однос на условите на овој договор, пренесуваат агенциите.

„Таа работа нема да биде завршена и тоа не е добро“, рече министерот Џорџети.

Данокот е дизајниран да ги погоди претежно дигиталните гиганти со седиште во САД, како што се Гугл и Амазон, и има за цел да го прераспредели правото на оданочување од околу 200 милијарди долари од корпоративниот профит во земјите каде што работат тие компании.

Повеќе од 140 земји ветија дека ќе го спроведат новиот глобален даночен договор, кој предвидува минимален данок од 15 отсто за корпорациите, пренесува АНСА.

Поддржувачите на овој данок со овој потег сакаат да ги укинат таканаречените даночни оази за светските корпорации, јави Танјуг.