
Кинеските компании имаат намера да побараат од владата антидампинг истрага за увозот на некои свински производи од Европската унија, пишува Глобал тајмс.
Информациите за барањето антидампинг давачки за увоз на свинско месо од ЕУ се совпаднаа со зголемените трговски тензии меѓу Европската унија и Кина.
ЕУ отвори истрага за увоз на повеќе производи од Кина за да ја заштити домашната индустрија, користејќи за првпат овластувања за проверка на кинеските тендери.
Брисел на тој начин го подготвува теренот за ретроактивни царини за кинеските електрични автомобили, а го проверува и увозот на соларни панели и производи од челик.
Кина на почетокот на годината реши да го провери увозот на огревно дрво од ЕУ откако домашните компании се пожалија дека европските производители ги продаваат по вештачки ниски цени поради субвенциите, пренесува Хина.
Главниот експерт на кинескиот центар за автомобилска технологија и истражување (CATARC) и заменик-директор на Кинескиот центар за истражување на автомобилска стратегија и политика Лиу Бин минатата недела изјави дека Кина треба да ги зголеми тарифите за увоз на големи автомобили од 15 на 25 отсто.











