Европските индекси претежно во пораст, цената на златото падна

Денеска европските берзански индекси се претежно во пораст, нафтата од типот брент се продава за околу 81 долар за барел, додека на берзите истовремено е забележан пад на цената на златото и пораст на цената на пченицата.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 18.681,85 поени, британскиот FTSE 100 на 8.336,95 поени, францускиот CAC 40 на 8.071,57 поени, додека московскиот MOEX падна на 3.197,04 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones се искачи на 38.686,32 поени, S&P 500 на 5.277,51 поени, а вредноста на Nasdaq индексот падна на 16.735,02 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта порасна на 77.040 долари, а на нафтата од типот „брент“ падна на 81.079 долари. На отворањето на берзата ТТФ се продаваа европски фјучерси на гас по цена од 35.090 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.323,92 долари за унца, а цената на пченицата порасна на 6,8387 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08579, што е приближно исто како и во петокот.