
Некои патници ја избираат својата дестинација за одмор врз основа на историските знаменитости, за некои ноќниот живот е поважен, а за повеќето највозбудливиот дел од секое патување е храната, од маркети кои нудат локални специјалитети до одлични ресторани.
„Time Out“ ги имаше на ум токму оние гурмански патници кога состави нова листа на 20 градови во светот со најдобра храна. За да ја состави листата, Time Out анкетираше илјадници луѓе ширум светот, прашувајќи ги за храната во нивните градови, со фокус на квалитетот и достапноста. Во топ 3 се најдоа Неапол, Јоханесбург и Лима
Уредниците на Time Out ги анализираа резултатите и составија листа од 20 градови. Само шест од нив се наоѓаат во Европа, а на првото место на нивната листа е едно кое се наоѓа во Италија – Неапол, родното место на пицата.
Градови со најдобра храна во 2024 година
Неапол, Италија
Јоханесбург, Јужна Африка
Лима, Перу
Хо Ши Мин Сити, Виетнам
Пекинг, Кина
Банкок, Тајланд
Куала Лумпур, Малезија
Мумбаи, Индија
Дубаи, ОАЕ
Портланд, САД
Ливерпул, Обединетото Кралство
Меделин, Колумбија
Севиља, Шпанија
Порто, Португалија
Маракеш, Мароко
Лион, Франција
Сиднеј, Австралија
Монтреал, Канада
Осака, Јапонија
Копенхаген, Данска











