Креативната директорка на „Шанел“ ја напушта компанијата по 30 години работа

78

Креативната директорка на францускиот моден бренд „Шанел“ Виржини Виард ќе ја напушти компанијата, соопшти BoF.

Компанијата „Шанел“ преку електронска пошта го потврди заминувањето на Виард и ги истакна нејзините заслуги по пет години на функцијата креативен директор и по речиси триесет години во компанијата.

Сè уште не е објавено кој ќе ја преземе функцијата на Виард во „Шанел“.

Како што пренесува Ројтерс, Виард долги години беше заменик на славниот Карл Лагерфелд и ја презеде функцијата главен креативен директор во 2019 година по неговата смрт.

Минатиот месец, извршната директорка на Шанел, Лина Наир, ги отфрли шпекулациите за промена на главниот дизајнер на компанијата, истакнувајќи дека Виард дизајнира „многу успешно за жени“ и дека од 2018 година компанијата бележи силен раст во продажбата на модата за готови облеки.