
Економијата на еврозоната порасна за 0,3 отсто во првиот квартал од 2024 година во однос на четвртиот квартал од 2023 година, објави денеска Евростат на својата веб-страница.
Овој конечен резултат е во согласност со втората прелиминарна проценка за растот на еврозоната, објавена на 15 мај.
Кварталниот економски раст на Европската унија за истиот период е исто така 0,3 отсто.











