
На девизните пазари, пак, се зголеми вредноста на доларот во однос на кошничката на валути.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 105,10 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 104,94 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута зајакна за 0,1 отсто, на 156,85 јени.
И американската валута зајакна во однос на европската за 0,25 отсто, па цената на еврото се лизна на 1,0775 долари.
Еврото е под притисок бидејќи инвеститорите се загрижени за одлуката на францускиот претседател Емануел Макрон да го распушти парламентот и да распише нови парламентарни избори на крајот на месецот, откако екстремно десничарската партија на Марин Ле Пен победи на европските избори во неделата.
Шокантната одлука на Макрон ја потресе политичката сцена бидејќи екстремната десница, која со години е во подредена положба, би можела да дојде на власт на претстојните парламентарни избори во Франција.
Цените на нафтата, пак, пораснаа по минатонеделниот пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,29 отсто, на 79,85 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,28 отсто, на 75,75 долари.











