
Ако постоеше сомнеж дека Шпанија можеби не е земја со најдобри ресторани, сигурно веќе ќе исчезне ваквото мислење. На листата на најдобрите педесет ресторани во светот, оваа земја има дури шест претставници, од кои еден е на прво место.
Во Лас Вегас беа доделени наградите на натпреварот 50 најдобри ресторани во светот 2024 година, а врз основа на гласовите на 1.080 рецензенти, готвачи, гастро-новинари, инфлуенсери и гости на ресторани, првата награда ја доби ресторанот Дисфрутар од Барселона.
Ресторанот Дисфрутар го водат готвачите Ориол Кастро, Едуардо Катруч и Матеу Казанас, а тројцата порано работеле во познатиот ресторан Ел Були, кој го водел можеби најдобриот готвач на сите времиња, Феран Адриа.
Disfrutar, лоциран во Барселона, е редовен на листата од 2018 година, кога се наоѓаше на 19-то место и оттогаш постојано напредува. Меѓу гастрономските понуди што ги служи овој ресторан се крофна Панчино полнета со кавијар и замрзнат сендвич со гаспачо.
Еве ги 10-те најдобри ресторани во светот за 2024 година:
1. Дисфрутар (Барселона, Шпанија)
2. Асадор Етџебари (Атксондо, Шпанија)
3. Тејбл -Бруно Вержус (Париз, Франција)
4. Диверксо (Мадрид, Шпанија)
5. Маидо (Лима, Перу)
6. Атомикс (Њујорк)
7. Квинтонил (Мексико Сити, Мексико)
8. Алхемичар (Копенхаген, Данска)
9. Гаган Ананд (Бангкок, Тајланд)
10. Дон Хулио (Буенос Аирес, Аргентина)











