Македонија во април ја посетиле 62.978 странски туристи од нив дури 25.324 од Турција

102
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во април 2024 година изнесува 81 752, од кои 23.0 % се домашни туристи, а 77.0 % се странски туристи.
Вкупниот број на странски туристи изнесува 62.978, од кои најбројни биле туристите од Турција 25.324. По нив следуваат туристите од Србија 5.006, Германија 3.254, Грција 2.766 и првата петорка ја заокружуваат туристите од Бугарија 2.319.
Бројот на ноќевањата во април 2024 година изнесува 151 720, од кои 28.8 % се од домашните туристи, а 71.2 % од странските туристи.
Во периодот јануари – април 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 15.3 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 7.4 %, а кај странските има зголемување за 19.3 %.
Во периодот јануари – април 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 15.2 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 15.0 %, а кај странските има зголемување за 15.4 %.