Безос повторно е најбогатиот човек на светот, поседува повеќе од 200 милијарди долари

Според индексот на милијардери на Блумберг, ко-основачот на Амазон го симна од тронот Бернард Арно и сега е на првото место меѓу 500-те најбогати милијардери во светот.

Џеф Безос повторно го зазеде првото место на најбогат човек на светот, пишува Poslovni puls.

Според индексот на милијардери на Блумберг, ко-основачот на Амазон го симна од тронот Бернард Арно и сега е на првото место меѓу 500-те најбогати милијардери во светот.

Богатството на Безос е 209 милијарди долари, а неговото богатство се зголеми за 32 милијарди долари од почетокот на оваа година бидејќи акциите на Амазон скокнаа за речиси 25%.

Илон Маск е следниот најбогат човек во светот по Безос и Арно, со нето богатство од 200 милијарди долари. Најдобрите пет ги заокружуваат Марк Цукерберг со богатство од 179 милијарди долари и ко-основачот на Google, Лери Пејџ, со нето богатство од 156 милијарди долари.